EВН е компанија чија главна дејност е дистрибуција, снабдување и производство на електрична енергија. На македонскиот пазар компанијата е присутна од 2006 година како дел од групацијата EVN. Во изминатите 15 години на овој пазар, ЕВН се стреми кон одржување на високата професионалност и континуиран квалитет на услугите за своите корисници.
КАРИЕРА ВО ЕВН
Во одделот Во Одделот Човечки ресурси и Организација, Група Пресметка за плати, потребeн/а е специјалист/ка кој/а ќе
има клучна улога во реализирањето на нашите проекти.
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ПЛАТА (М/Ж)
Работни задачи:
• Подготовка и анализа на сите потребни параметри за пресметка на плата
• Пресметки на надоместоци и додатоци поврзани со работен однос
• Изработува, прибира и контролира документација поврзана со евиденцијата на работно време и месечни/годишни извештаи
• Контролира и евидентира Налози за службени патувања во земјата и странство
• Изработува обрасци за регулирање на стаж
• Одржува редовна и навремена комуникација со внатрешни соработници и надворешни институции
Потребни компетенции
• Високо образование
• Добра ИТ подготвеност (SAP/HRIS системи) и искуство од областа на пресметка на плати, ќе се смета како предност
• Познавање на законската регулатива во областа на работните односи, социјално и здравствено осигурување, ќе се смета како предност
• Релевантно работно искуство најмалку 2 години
• Познавање на MS Office пакет (Excel, Word, Power Point и Outlook)
• Познавање на англиски јазик
• Организациски, аналитички и комуникациски способности
• Способност за тимска работа и работа во кратки рокови
• Доверливост и умешност да се работи со голем обем на податоци
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН, на
jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 05.02.2024.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат , обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк
https://www.evn.mk/TopMenu/Career.aspx .
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.