Вработување

Оглас за вработување во Управата за финансиска полиција

Оглас за вработување во Управата за финансиска полиција

30.07.2018
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи Службен Весник на Република Македонија„ бр. 62/05 39/1 2, 25/1 3, 1 87/1 3, 20/1 5, 33/1 5, 72/1 5, 1 29/1 5, 27/1 6 и 1 20/1 8), член 22 од Закон за вработените во јавен сектор („Службен Весник на Република Македонија„ бр. 62/05 35/18) и член 17 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 201 8 година („Службен Весник на Република Македонија„ бр. 196/17), Комисијата за спроведување на постапка за вработување при Министерство за финансии - Управа за финансиска полиција, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 03/2018
за вработување во Управата за финансиска полиција

Управата за финансиска полиција има потреба од вработување на определено време за период од 1 година со полно работно време за 1 извршител, за работно место:
1 Раководител на одделение за нормативно правни работи и човечки ресурси за ниво Б4 шифра УПР 01 01 Б04 000,

Еден (1) извршител, основна плата во нето износ од 28. 143, 00денари.

Општи услови:

-да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење прсфесија, дејност или должност,

Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правни науки. активно познавање на компјутерски
програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување,
најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку (6) шест години работно искуство во струката од кои најмалку (2) две години на раководно работно место во приватен сектор; познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Општи работни комепетенции на основно ниво:
-решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување
-резултати, работење со други/тимска работа; ориентираност кон странките/засегнати страни и
-финансиско управување

Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-уверение за државјанство на РМ, медицинска потврда дека лицето е психофизички здраво, потврда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, доказ за познавање на бараните компјутерски вештини, доказ за познавање на англиски јазик, диплома или уверение за завршено образование со просек за успех, лична биографија (CV) не поголема од 5 страни со задолжително наведен контакт телефон и адреса, извод од ПИОМ за доказ на бараното работно искуство (период евидентиран во агенцијата за вработување како работен стаж), доказ потврда, уверение и сл. за бараното работно искуство на раководно работно место, потврда за положен испит за административно управување,

Горенаведените документи потребно е да се достават во оригинал или копија заверена на нотар.
Пријавите со потребните документи да се достават до Архивата на Управата за финансиска полиција или преку пошта на следната адреса:
Управа за финансиска полиција
Ул. Кеј Димитар Влахов бр. 4 кат 4. 1000 Скопје
со назнака: за „ЈАВЕН ОГЛАС БР: 03/2018,

Рокот за доставување на потребната документација изнесува пет (5) работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат.

Ненавремена, нецелосна и неуредна документација, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување во Улравата за финансиска полиција.

По извршената селекција на пријавените кандидати кои доставиле уредни пријави за работното место, ќе биде спроведено интервју во просториите на Улравата за финансиска полиција. Управата за финансиска полиција ќе изврши избор за еден (1) извршител Раководител на одделение за нормативно правни работи и човечки ресурси во рок согласно член 23 од Законот за работните односи.

Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време за сите огласени работни места е утврден влез од 08:00 до 08:15 часот излез од 16:00 до 16:15 часот, од понеделник до петок.

Комисија за спроведување на постапка за вработување

Останати Вработување