Препорачани огласи

Обука за диспечер/ка за патен транспорт во САД

Обука за диспечер/ка за патен транспорт во САД

30.08.2021
Доколку сте енергични, компјутерски писмени, со одлично познавање на англиски јазик со силни комуникациски вештини, имате можност за добивање на престижна работа!

Оваа обука ќе Ви помогне да се обучите и развиете како професионален диспечер за патен транспорт во САД. Со Вашето обучување ќе Ви биде достапно вработување кај обучувачот и/или кај голем број на компании со седиште во Македонија кои вршат диспечерски услуги во САД.

Професионалното оспособување за диспечер за патен транспорт во САД се заснова на едномесечна индивидуална обука за секој кандидат. Во текот на спроведување на обуката под менторска подршка, кандидатите ќе имаат можност да работат на реални проекти под менторство на професионалци од ПФС ЛОГИСТИКС ДООЕЛ Скопје кои ќе споделуваат искуство од секојдневните работни обврски и на кандидатите ќе им овозможат да работат во реална работна околина. Зависно од степенот на напредување на секој кандидат, во периодот на обука ќе се пристапува кон постепено зголемување на нивото на самостојност во работата, а секогаш со пристап до неограничени консултации и совети од менторот како и целокупниот тим на ПФС ЛОГИСТИКС ДООЕЛ Скопје.

Целта на обуката за Диспечер/ка за патен транспорт во САД е да се оспособат кандидатите со специфични вештини кои компаниите ги бараат, а обучените кандидати ќе добијат можност за вработување во компанијата.

Цената на едномесечната обука изнесува 15.000,00 денари, а на кандидатите кои ќе се вработат кај обучувачот целокупниот износ ќе им биде вратен со исплата на месечната плата, после третиот работен месец.

Контакт e-mail: legal@bg-logisticsinc.com

Останати Препорачани огласи