Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:
ИНЖЕНЕР ТЕХНОЛОГ – 1 работно место
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 250 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на
www.mikrosam.com
Основни одговорности и задачи:
• Учество во интердисциплинарни истражувања и проекти за развој на работата со хемиски инженери, машински инженери, електрoинженери, програмери и други професионалци;
• Развивање на контролата на квалитетот на производи и процеси;
• Изработка на технолошки основи за инвестициски проекти и учество во реализацијата на инвестициските програми;
• Изработка и воведување на технолошки и технички спецификации и методи за проверка на супстанции и процеси, како и проверка на усогласеноста на тие својства во спецификите;
• Пронаоѓање, отстранување и превентивно дејствување на неусогласеноста на супстанциите и постапките со спецификите;
• Проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и советување во врска со нив;
• Техничка соработка и консултации со други релевантни експерти;
• Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија
Квалификации и компетенции:
• Завршен Технолошки факултет или при крај со студии
• Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)
Што нудиме?
• Одлични услови за работа во креативна средина
• Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
• Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
• Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
• Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса:
prijava@mikrosam.com
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.
Рокот за пријавување е до 31.08.2020г.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.