X
 02.02.2021 Конкурси

МЕД објави повик за мали грантови за студенти еколози

Македонското еколошко друштво (МЕД) објави повик за мали грантови за студенти еколози.

- Пред точно една година ја обновивме иницијативата за поддршка на млади еколози и ја преименувавме по нејзиниот иницијатор и долгогодишен претседател на МЕД – професорот Љупчо Меловски. По турбулентната 2020 во која осум млади еколози добија средства со чија помош можеа да се соочат со еколошки предизвици и да ги реализираат своите истражувачки апетити, ни претставува огромно задоволство што можеме да ја обновиме, но и прошириме оваа програма - истакнуваат од МЕД.

Може да се аплицира за мал (деветмесечен) или среден (двогодишен) грант, а повеќе информации можете да прочитате на следните линкови:

http://mes.org.mk/2021-2/?fbclid=IwAR3t6TCBWa-ZB4KWceakGFS742dlQfXPeh8TxvcF52Z8Vt_CeMzfP0hnB8w

https://www.facebook.com/MES.org.mk/photos/a.130912226958186/3555215177861190/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси