Програмата за млади професионалци на Светската банка е наменета за млади лица кои бараат работно искуство, а се неодамна дипломирани во областа на економијата, финансиите, образованието, јавното здравје, општествените науки, инженерството и други области.
На успешните кандидати ќе им бидат понудени договори за работа со времетраење од две години во Вашингтон. Кандидатите треба да имаат најмногу 28 години.
Пријавувањето трае во текот на целата година. Повеќе информации може да најдете
овде.