Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје известува за можноста за добивање „Меѓународна парламентарна стипендија“ (ИПС) од страна на Германскиот Бундестаг за 2022 година, пренесе
МОН.
Млади дипломци од Источна и Југоисточна Европа, Франција, Израел, САД и арапските земји добиваат можност да хоспитираат кај пратеник во германскиот Бундестаг и на тој начин преку теорија и пракса да го запознаат германскиот парламентарен систем.
Програмата трае од 1 март до 31 јули 2022. Меѓу другото, предуслов за избор се одлични познавања на германскиот јазик и политика, општество и историја.
За дополнителни информации, одете на:
www.bundestag.de/ips или www.skop.diplo.de.
Крајниот рок за пријавување е 31 јули 2021 година.
Апликациите треба да се достават до германската амбасада во Скопје по е-пошта (info@skop.diplo.de) која го прави првиот избор. Избраните кандидати ќе бидат поканети во Амбасадата на интервју со комисија од германскиот Бундестаг.