X
 06.04.2021 Стипендии

Австриската Академија на науките нуди можност за стипендија за постдокторанди

Амбасадата на Република Австрија во Скопје известува дека австриската Академија на науките преку програмата за мобилност „Joint Excellence in Science and Humanities“ (JESH) нуди можност за стипендија за постдокторанди, при што во рамки на истражувачкиот престој стипендистите можат да воспостават научна соработка во Австрија, како и во други 55 земји во фокусот (JESH Outcoming).

За програмата можат да се пријават пост-докторанди до 10 години од завршување на нивните докторски студии, соопштија од МОН.

Престоите за истражување се финансираат за период од еден до шест месеци.

Од МОН напоменуваат дека JESH прифаќа само индивидуални апликации.

Крајниот рок за пријавување е 20 мај 2021 година.

Повеќе информации во врска со конкурсот за стипендијата може да најдете ТУКА.
Активен до:    20.05.2021

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии