Сакаш да работиш во компанија водена од светски дигитал маркетинг експерти? Сакаш да стекнеш вистинско знаење и да работиш со клиенти од Силиконската Долина? Тогаш ти си човекот што ни треба.
Сакаме да те изградиме во врвен Google Ads или Paid Social експерт и да те наградиме со висока плата.
Како? Во LeanSEM ги имаме вистинските луѓе кои се подготвени 100% несебично да го споделат своето знаење. Се фокусираме на една позиција, и стануваме експерти за истата. Не работиме на 20 позиции во исто време. Затоа сме добри во тоа што го правиме и затоа работиме со топ клиенти.
Дури и сега непрекинато растеме и секогаш сме во потрага по маркетери кои ќе ни помогнат да ја изградиме најдобрата дигитал маркетинг агенција и ќе станат партнери.
Ова е единствена шанса да работиш со тим кој менаџира месечни PPC буџети од на $2,000,00, да бидеш ценет за твојот инпут и да добиеш дел од профитот.
Зошто LeanSEM?
• Работа во култура составена само од А играчи, вистински експерти кои ќе ти помогнат да станеш маркетер од светски ранг
• Тим кој менаџира над $2,000,000 месечни PPC буџети
• Можност да работиш со брзорастечки клиенти од Силиконската Долина
• Неверојатно брз напредок и висока плата (плус годишни бонуси кои можат да ја надминат и целата годишна плата) доколку си вистинскиот човек
Што бараме?
Инвестираме 10 пати повеќе време и пари од која било маркетинг агенција тука сѐ со цел да изградиме армија од светски маркетери, па затоа сме многу пребирливи кого примаме во тимот. Сакаме да работиме само со вредни А-играчи кои сакаат долгорочно да градат иднина со нас.
Главни вредности кои ги бараме:
• Критичко размислување
• „Зависност“ од резултати
• Вистинска грижа за работата
• Тимски играч што умее да прими критика
• Природна љубопитност, и жед за знаење и постојан напредок
• Развиено чувство за итност и приоритетизација за најбрзо завршување на работата
Доколку се пронајде и сакаш да стигнеш до следното ниво како дигитал маркетер, прочитај повеќе на
https://leansem.com/google-ads-or-paid-social-expert/ и аплицирај на
careers@leansem.com
* потребно е 1-2 годишно канцелариско работно искуство