X
 07.05.2021 Препорачани огласи

Оглас за вработување во БЕГ. Почетна нето плата: 20.000 денари

Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје распишува оглас за вработување на

ОПЕРАТОР 2
за ракување со термоенергетски постројки и опрема во топланите во Скопје

Квалификации на кандидатите:

• ССС/ завршено 4-годишно средно образование: машински техничар-термоенергетичар или електротехничар
• Со и без работно искуство
• Пожелно е поседување на возачка дозвола од Б категорија
• Способност за тимска работа
• Вредна и одговорна личност
• Педантност и темелност
• Да има општа здравствена способност за работното место

Услови за работа:
Кандидатите кои ќе бидат примени на работа ќе бидат обучени за полагање стручен испит за АТК (за ракување со термоенергетски постројки со моќност над 20 MW), кој е задолжителен за ова работно место. Трошокот за полагањето на испитот е на товар на работодавачот.

Работното место предвидува работа во смени и по потреба, на повик. Кaндидатите треба да имаат способност за индивидуална и тимска работа, адаптибилни за работа во различни тимови, одговорни и со желба за работа во средина со високи барања.

Работодавачот нуди работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и надпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување.
Работниот однос се заснова на прв договор за работа на определено време од 6 месеци со можност за негово продлжување и трансформирање за неопределено време.

Минимална нето плата за ова работно место е 20.000 ден.

Кандидатите треба да ја приложат следнава документација

• Биографија (CV);
• Доказ за завршено образование;
• Дополнителни дипломи и сертификати.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес, биографија и копија од уверение за завршено образование до 15.05.2021 год. Во предивид ќе бидат земени само пријави доставени исклучиво на следниот начин:

Електронски:
Message to: contact@beg-proizvodstvo.com.mk
Subject: Пријава: Оператор 2

По пошта:
Производство на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје,
Ул. „515“ бр. 6 , 1000 Скопје
Пријава: Оператор 2

Сите пристигнати пријави ќе се сметаат за строго доверливи.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат избрани за тестирање.
Активен до:    14.05.2021

Издвојуваме

Препорачани огласи