X
 07.05.2021 Препорачани огласи

Оглас за вработување во БЕГ. Се бара: Инженер за машинско одржување

Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје распишува оглас за вработување на

Инженер за машинско одржување

Квалификации на кандидатите:


• ВСП Машински факултет
• Со и без работно искуство
• Познавање на англиски јазик
• Познавање на компјутерски програми (Windows, MS Office, Corel, Auto CAD)
• Поседување на возачка дозвола од Б категорија
• Вредна и одговорна личност
• Педантност и темелност
• Да има општа здравствена способност за работното место
• Работа со дадени рокови
• Следење на интерните правила и процедури
• Желба за работа во средина со високи барања
• Лидерски, комуникациски и организаторски способности
• Способност за критичко, аналитично и логичко размислување
• Динамичност, ефективност и ефикасност
• Посветеност, мотивираност, иницијативност
• Тимска работа, кооперативност, флексибилност и адаптибилност

Услови за работа:

Кaндидатите треба да имаат способност за индивидуална и тимска работа, адаптибилни за работа во различни тимови, одговорни и со желба за работа во средина со високи барања.
Работодавачот нуди работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и надпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување.
Работниот однос се заснова на прв договор за работа на определено време од 3 месеци со можност за негово продлжување и трансформирање за неопределено време.

Минимална нето плата за ова работно место е 30.000 ден.

Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
• Биографија (CV);
• Доказ за завршено образование;
• Дополнителни дипломи и сертификати.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес, биографија, копија од уверение за завршено образование и од возачка дозвола најдоцна до 15.05.2021 год. Во предивид ќе бидат земени само пријави доставени исклучиво на следниот начин:

Електронски:
Message to: contact@beg-proizvodstvo.com.mk
Subject: Пријава: Инженер за машинско одржување

По пошта:
Производство на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје,
Ул. „515“ бр. 6 , 1000 Скопје
Пријава: Инженер за машинско одржување

Сите пристигнати пријави ќе се сметаат за строго доверливи.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат избрани за тестирање.
Активен до:    14.05.2021

Издвојуваме

Препорачани огласи