X
 07.07.2020 Интернационални огласи

Отворени се апликациите за Глобалниот мировен самит во Турција

Отворени се апликациите за Глобалниот мировен самит во Турција за 2020 година. Целта на програмата е на младите, компетентни и ревносни миротворци да им даде шанса за изострување на нивните вештини за мировна едукација и да ја помогне размената на идеи и споделувањето проекти.

На самитот ќе има учесници од сите делови на светот за да развијат идеи за постигнување на одржливи развојни цели и да се залагаат за мир во нивните заедници, да се спротивстават на екстремното насилство, омразата и секој вид на дискриминација.

Во програмата ќе може да учествуваат 200 лица (20 целосно финансирани, 50 делумно финансирани и 130 самофинансирани) и се охрабруваат студентите и младите професионалци да аплицираат.

Планирано е самитот да се одржи во октомври, а крајниот рок за аплицирање е 30 август, а повеќе можете да прочитате ТУКА и ТУКА.
Активен до:    30.08.2020

Издвојуваме

Интернационални огласи