X
 07.10.2019 Препорачани огласи

Оглас за вработување и за пракса во MASAC solution. Отворени се повеќе места

MASAC solution како брзорастечка компанија која се занимава со решавање на мехатронички проблеми од различни области, нуди пракса за електро и машински инженери.

Електро инженер - 2


Вработените ке бидат директно вклучени во проектирање и решавање на инженерски електро-софтверски проблеми и практична реализација на истите во странство.
Вработените ќе имаат можност да работат на:

- Програмирање PLC и SCADA,
- Енергетски дизајн во EPLAN,
- Изработка на електрични ормари,

Предност при изборот ќе имаат кандидатите со:
- Познавање на Allen Bradley PLC програмирање,
- Завршен електро факултет отсек автоматика,
- Возачка дозвола,

Електро инженер – 2 практиканти

Практикантите ке имаат можност да бидат директно вклучени во проектирање и решавање на инженерски електро-софтверски проблеми и практична реализација на истите. Практикантите ќе имаат можност да работат на:

- Програмирање PLC и SCADA,
- Енергетски дизајн во EPLAN,
- Изработка на електрични ормари,
- PCB дизајн во Altium,
- Програмирање микроконтролери.

Машински инженер – 2 практиканти

Практикантите ке имаат можност да бидат директно вклучени во проектирање и решавање на инженерски машински проблеми и практична реализација на истите. Практикантите ќе имаат можност да работат на:

- Проектирање и дизајн во Solidworks,
- Симулации во Solidworks,
- Практична реализација на проектираните уреди.

Нудиме одлична работна атмосфера, можност за личен и стручен развој под менторство на искусни професионалци, работа со современи технологии и секако можност за вработување по завршувањето на практичната работа.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават своја кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на contact@masac.io
Огласот трае 7 дена од денот на објавувањето.
Активен до:    22.11.2019

Издвојуваме

Препорачани огласи