X
 08.07.2020 Стипендии

Аплицирајте за стипендија за учење на Универзитетот „Лавал“ во Канада

Отворени се апликациите за стипендија за мастер и докторски студии по артритис и ревматски болести. Стипендијата ја нуди Фондот „Пјер Боржет“ во соработка со Универзитетот „Лавал“ во Квебек, Канада, со цел поддршка на локалните и странските студенти кои сакаат магистратура или докторат од полето на медицината.

Стипендијата за студирање во Канада ќе им биде дадена на студенти кои ги исполнуваат критериумите за квалификуваност и имаат направено предлози за истражувања поврзани со полето на артритис и ревматски болести.

Ќе бидат доделени неколку стипендии во износ од 7.500 долари (за мастер студии) и 10.000 долари (за докторски студии). Бројот на понудените стипендии годишно зависи од расположливиот фонд.

Крајниот рок за аплицирање е 18 септември, а повеќе детали можете да прочитате ТУКА.
Активен до:    18.09.2020

Издвојуваме

Стипендии