X
 09.03.2021 Стипендии

Стипендии за студенти од Република Македонија за студии во Индија

Амбасадата на Република Македонија во Њу Делхи известува дека “KITT” (Kalinga Institute of Industrial Technology) нуди 20 стипендии за студенти од Република Македонија (100% бесплатни студии, вклучувајќи престој во посебен интернат наменет за странски студенти во кој е обезбедена и храна), соопшти МОН.

“KIIT” има воспоставено контакти за соработка со 175 универзитети низ целиот свет. Во интерес на развојот на двете земји, Индија и Македонија, “KIIT” нуди соработка со македонските универзитети, преку размена на студентски програми, соработка на разни програми и проекти од страна на наставниот кадар, учество и организирање на семинари и конференции.

Детални информации во врска со овие стипендии може да се најдат на веб страницата ТУКА.

Контакт е-меил: internationaloffice@kiit.ac.in
Активен до:    31.12.2099

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии