X
 09.05.2022 Препорачани огласи

ЕКСИМА дооел и Меѓународни училишта НОВА објавуваат оглас за вработување. Се бара: Материјален Сметководител

Согласно тековните потреби за работните процеси и активности , објавуваме оглас за прием на лице на следната работна позиција:

Материјален Сметководител

Потребни квалификации:

- Високо образование, Економски факултет ќе се смета за предност
- Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција
- Познавање на англиски јазик
- Користење на компјутер – MS Office и останати интегрирани сметководствени програми
- Познавање на административно работење
- Лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност

Работни задачи и одговорности:
- Евиденција и обработка на целокупната влезна и излезна документација поврзана со материјалното работење
- Евиденција на магацинско работење и пописи
- Благајна и дневни промети
- Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
- Работа во оперативен систем за материјално работење во угостителска дејност; поставување и проверка на артикли и нормативи
- Следење и имплементирање на измени согласно законската регулатива
- Поднесување на документи до банки и други институции согласно потребите на работењето

Способности и вештини:
- Организациски и аналитички способности
- Мотивирана и стабилна личност
- Исполнителност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Одговорна и лојална личност
- Позитивен став

Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат електронски следниве документи: биографија, сертификат за завршено образование, други релевантни сертификати . Краен рок за поднесување на документите е 20 мај 2022 година. Документите треба да се испратат на: contact@exima.com.mk

Избраните кандидати ќе бидат известени и поканети на интервју.
Активен до:    23.05.2022

Издвојуваме

Препорачани огласи