X
 10.03.2021 Стипендии

МОН објави конкурси за доделување стипендии за студии од прв, втор и трет циклус во странство

Министерството за образование и наука објави конкурси за доделување стипендии за студии од прв, втор и трет циклус во странство.

-Министерството за образование и наука за академската 2021/2022 година ќе додели стипендии за додипломски студии од прв циклус во прва година на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно стипендии за додипломски студии од прв циклус во прва година од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката на еден од првите сто рангирани универзитети, согласно последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот универзитет Џио Тонг - се наведува во конкурсите.

Според конкурсите за сите три категории, на корисникот на стипендија му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 долари годишно, исплатени во соодветна валута, според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на објавувањето на конкурсот, еден авионски билет на почетокот на студиите, еден авионски билет по завршување на студиите или еден повратен авионски билет. Секој износ над горенаведената сума за уписнина е на товар на студентот.

Тука можете да го видите целиот конкурс за доделување стипендии за академски студии од прв циклус во странство за академската 2021/2022 година и да ги преземете потребните документи.

Тука можете да го видите целиот конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во странство за академската 2021/2022 година и да ги преземете потребните документи.

Тука можете да го видите целиот конкурс за доделување стипендии за академски студии од трет циклус во странство за академската 2021/2022 година и да ги преземете потребните документи.

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на стипендиите е 15.09.2021 година.
Активен до:    15.09.2021
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии