X
 10.10.2020 Препорачани огласи

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2020 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-22/1 усвоена на ден 09.10.2020 година објавува 

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација 

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

• Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
• Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
• Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

• Молба
• Кратко CV
• Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје

Документите се поднесуваат од 14.10.2020 година до 28.10.2020 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нето износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2020 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-24/1 усвоена на ден 09.10.2020 година објавува 

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина 

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

• Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
• Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
• Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

• Молба
• Кратко CV
• Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје

Документите се поднесуваат од 14.10.2020 година до 28.10.2020 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Медицински факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нето износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Активен до:    28.10.2020

Издвојуваме

Препорачани огласи