X
 11.11.2019 Препорачани огласи

Оглас за пракса во Либерти - Скопје

Liberty House Group е член на GFG Алијансата, глобална групација на независни бизниси со фокус на природни ресурси, обновлива енергија и производство на челик.

Либерти Скопје е еден од најголемите производители на челик на Балканот и нуди производи за градежната и општата индустрија. Како општествено одговорна компанија, постојано се стремиме да го поттикнеме развојот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

Во таа насока, Либерти Скопје нуди пракса на менторски принцип во:

- Оддел за Набавки (Економски факултет)
- Постројка за Третман на Отпадни води (Машински факултет, смер:Енергетика и Екологија)

Времетраење на праксата: 3 месеци, полно работно време.

Придобивки:
• континуиран процес на учење и развој на вештини во професионална работна атмосфера
• покриени трошоци за превоз и храна
• стекнување искуство во меѓународна компанија и потврда за реализирана практична настава

Наменето за студенти (апсолвенти, постдипломци) и дипломирани, кои се:
• комуникативни,
• имаат желба за учење,
• сакаат предизвици
• насочени кон успех.

Своето CV можете да го испратите на HRJobs.Skopje@libertysteelgroup.com, со назнака „Апликација за пракса – одделот во кој аплицирате, најдоцна до 25.11.2019.“
Активен до:    18.11.2019

Издвојуваме

Препорачани огласи