Програмата за стипендирање на Универзитетот „Радбуд“ во Холандија наградува талентирани студенти од земји кои не се членки на ЕУ и ЕЕА за магистерски студии.
Се доделуваат 37 стипендии за магистерски програми на англиски јазик од различни области. Стипендистите добиваат грант за намалување на школарината, како и надомест за трошоците за виза, дозвола за живот, здравствено осигурување и осигурување од одговорност за време на престојот.
Пријавувањето трае до 28 февруари 2022. Повеќе информации може да најдете на официјалниот повик
овде.