X
 13.04.2020 Стипендии

МОН објави повик за доделување парична награда за освоен медал на една од 13. меѓународни научни олимпијади

Министерството за образование и наука објави јавен повик за доделување парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13. меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата.

Повикот е отворен и пријавите може да се доставуваат преку пошта на следната адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за доделување парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13. меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата“, најдоцна до 31.08.2020 година.

Повеќе за повикот прочитајте ТУКА.
Активен до:    31.08.2020

Издвојуваме

Стипендии