X
 13.04.2020 Стипендии

МОН објави повик за доделување средства за освоена награда на меѓународен натпревар по природни науки

Министерството за образование објави јавен повик за доделување парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за натпреварот од средното образование.

На повикот може да се пријават ученици што освоиле прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, одржан во учебната 2019/2020 година.

- Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави и притоа се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави и се рангираат нивните постигнувања - се наведува во повикот.


Во него се додава дека пријавите може да се доставуваат преку пошта на следната адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за натпреварот од средното образование“, најдоцна до 31.08.2020 година.

Повеќе може да прочитате ТУКА.
Активен до:    31.08.2020

Издвојуваме

Стипендии