X
 13.07.2020 Стипендии

Аплицирајте за докторски студии во Италија

Отворени се апликациите за програмата за стипендирање на докторски студии на Scuola Normale Superiore во Италија. За академската 2020-2021 се најавени неколку различни позиции за студирање на овој универзитет.

Позициите се отворени и за Италијанци и за странски студенти, а се од полето на астрохемијата, италијанистика и современа филологија, наука базирана на податоци (data science), пресметковни методи и математички модели за наука и финансии, историја, историја на уметност. Селекцијата се врши на основа на академска проценка на кандидатите и на интервјуа.

Крајниот рок за аплицирање за есенската квота е 27 август, а повеќе детали можете да прочитате тука.
Активен до:    27.08.2020

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии