X
 13.11.2019 Вработување

Оглас за вработување во „ЕкоМозаик“

Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје објавува оглас за вработување на:

АСИСТЕНТ КОНСУЛТАНТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА на неопределено време

Потребни квалификации:

- Минимум образование - Дипломиран инженер ВСС VII/1 степен /240 кредити (дипл.инж. технолог, дипл. инж. за животна средина, машински инженер за енергетика и животна средина, дипл. хемиски инженер, дипл. геолог или дипл. еколог/биолог),
- Одлично познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање на Microsoft Office.

Ќе се смета за предност:
- Работно искуство во областа на животна средина;
- Поседување на сертификат/и од областа на животна средина: Сертификат за положен стружен испит за стекнување на статус експерт за оценка на влијанието на проектите врз животната средина, Сертификат за положен стружен испит за стекнување на статус експерт за стратегиска оценка на животната средина, Сертификат за управување со отпад или други,
- Учество на обуки од областа на животна средина, климатски промени и/или заштита на природата;
- Поседување на возачка дозвола.

Се очекува кандидатот да може да работи самостојно, да соработува со другите членови на тимот и со својот ентузијазам, знаење и желба за континуирано учење да придонесе во заедничкиот успех и раст на компанијата.

Ако сте заинтересирани, подгответе Писмо за мотивација и Биографија на македонски и англиски јазик и испратете ги на e-mail адресата: slavjanka@ekomozaik.com со назнака “Асистент консултант за животна средина“.

Седиште на „ЕкоМозаик“:

Ул. „Прашка“ бр.13/2-16 1000 Скопје
Тел.02 5206099
Погледнете дел од нашите активности:
www.ekomozaik.com
Активен до:    20.11.2019

Издвојуваме

Вработување