X
 13.11.2019 Вработување

Вработување во Канцеларија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 291/2019

за вработување на 3 државни службеници од група I, подгрупа I во Канцеларија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за следните работни места

1. УПР0101Б02000 Раководител на сектор за следење на спроведувањето на Програмата на Владата(1) извршител(и)
Општи услови
-   да е државјанин на Република Македонија,
-   активно да го користи македонскиот јазик,
-   да е полнолетен,
-   да има општа здравствена способност за работното место,
-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки, Индустриско инжинерство и Менаџмент
- најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 (осум) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор
   Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување
   Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
-   Работни денови понеделник - петок
-   Работни часови неделно 40
-   Работно време од 08:00 до 16:00
-   Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 37.631,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Македонец(ка) 1.

2. УПР0101В04000 Помлад соработник за организација на активности помеѓу домашни компании и институции, Одделение за координација помеѓу домашни компании и институции, Сектор за поддршка на домашна економија(1) извршител(и)

Општи услови
-   да е државјанин на Република Македонија,
-   активно да го користи македонскиот јазик,
-   да е полнолетен,
-   да има општа здравствена способност за работното место,
-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Туризам и угостителство, Организациони науки и управување (менаџмент)
- со или без работно искуство во струката
   Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
   Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
-   Работни денови понеделник - петок
-   Работни часови неделно 40
-   Работно време од 08:00 до 16:00
-   Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 22.020,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Македонец(ка) 1.

3. УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор за односи со јавност и протокол(1) извршител(и)

Општи услови
-   да е државјанин на Република Македонија,
-   активно да го користи македонскиот јазик,
-   да е полнолетен,
-   да има општа здравствена способност за работното место,
-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Политички науки, Социологија, Социјална работа и социјална политика
- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор
   Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување
   Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
-   Работни денови понеделник - петок
-   Работни часови неделно 40
-   Работно време од 08:00 до 16:00
-   Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 31.304,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Турчин(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 - административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.
Активен до:    27.11.2019

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Вработување