X
 14.10.2021 Препорачани огласи

Конкурс за автори на сликовници со ликовите од „Светот на Биби“

„Светот на Биби“ распишува конкурс за креирање нови приказни (сликовници) со ликовите од „Светот на Биби“. Учесници во конкурсот можат да бидат и млади и веќе реномирани автори, кои треба да испратат кратка приказна (не повеќе од 4.500 карактери со простор) во која главни протагонисти ќе бидат некои од ликовите од „Светот на Биби“: диносаурусот Даро, малата вештерка Филимена, сирената Сребра, слаткото езерско чудовиште Деси, самовилата Луна, Зази, Зина или некое од другите зазулчиња, еднорогот Алфеј итн.

Авторите можат да користат повеќе ликови во нивните приказни (вклучително и Биби и Боби), но и да измислат свои ликови.

Општи насоки: Приказните се наменети за деца на возраст од 4 до 7 години. Во нив треба да се поттикнува пријателство и другарски однос со сите, без разлика на нивното потекло, изглед, припадност или попреченост... Особено е важно да се избегнуваат родовите стереотипи. Во приказните треба да се негуваат вистинските вредности и да се поттикнува љубовта кон природата и грижата за животната средина. Приказните треба да бидат во духот на досегашните приказни од „Светот на Биби“, едукативни, но и забавни и хумористични. Сите ликови од „Светот на Биби“ треба да ги задржат карактерните особини што им се припишани во претходните приказни.

Авторите можат да конкурираат со повеќе од една сликовница. Пристигнатите приказни на овој конкурс не смеат да бидат претходно објавувани. Приказните испраќајте ги на: info@svetotnabibi.mk со назнака „Конкурс за сликовници“. Краен рок за испраќање на приказните е 28 октомври 2021 година.

Наградата за откуп на авторските права за една сликовница ќе изнесува 20.000 денари. Покрај тоа, авторот ќе добие можност да работи и на другите проекти во рамките на „Светот на Биби“.
Активен до:    28.10.2021

Издвојуваме

Препорачани огласи