X
 07.03.2015 Конкурси

Студентска конференција на "HeySuccess" во Скопје

Бруцоши, апсолвенти, пленумци, редовни, нередовни, одлични, десеткаши, бубалици, презапишувачи, дојдени од друг град или скопјани, ракувајте се со вашата успешна иднина.


На 24 март ќе се одржи кратка конференција на „HeySuccess“ - платформа за студентски можности која работи на меѓународно ниво.

Презентацијата ќе ја одржи студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, која е истовремено и практикант во „HeySuccess“. Таа ќе го сподели своето искуство со вас, а ќе ви раскаже и неколку успешни приказни на луѓе кои некогаш мислеле дека нема да успеат, а сега се директори кои патуваат ширум светот, експерти кои се одговорни за големи компании и професионалци со кои луѓето сакаат да работат.

Презентацијата ќе се одржи во предавалната по словенечки јазик, а дел од неа ќе биде на словенечки јазик. Токму затоа, се охрабруваат сите сегашни, поранешни и идни студенти од катедрата по словенечки јазик да присуствуваат на презентацијата. Ќе има и конкретни можности за кои може да се пријавите веднаш!

Поканети се и останатите студенти, но местата се ограничени. Побрзајте и пишете кратка електронска порака во која ја објаснувате вашата мотивација за учество на dragana@fakulteti.mk. На истата адреса може да поставувате прашања за платформата „HeySuccess“. Што можете да прашате? Се' што ве интересира.

Бидете дел од дипломците на иднината, не од загубената генерација!

Настанот на „Фејсбук“.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси