X
 15.06.2020 Стипендии

Стипендија „Хелмут Вит“ за компјутерски науки за жени на Виенскиот универзитет за технологија

Стипендијата „Helmut Veith“ им овозможува на мотивираните студентки во полето на компјутерски науки да се одлучат за магистерски програми по компјутерски науки на Виенскиот универзитет за технологија во Австрија.

Стипендијата е посветена на сеќавањето на извонреден компјутерски научник, кој работел во областа на логиката во компјутерската наука, софтверско инженерство и компјутерска безбедност, Хелмут Вит, кој трагично починал во март 2016 година.

ТУКА можете да дознаете повеќе информации за стипендијата и за постапките и условите за аплицирање.
Активен до:    30.11.2020

Издвојуваме

Стипендии