X
 15.11.2019 Препорачани огласи

Оглас за вработување во КОСТАЛ Македонија. Се бара: Дизајнер на Алати (Tool Designer)

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.

Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика! 

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
Дизајнер на Алати (Tool Designer) 

Работни задачи и одговорности:

- Дизајнерот на алати ќе репортира до менаџерот за одржување;
- Развој на решенија за проблеми или оптимизација на опремата за производство и промена на дизајнерските податоци според развиените решенија;
- Подготовка на соодветна документација за потребите промени;
- Оптимизација на опремата,3Д податоци и цртежи;
- Одржување на сите податоци за опремата во база на податоци.

Образование, искуство, вештини

- ВСС од Машинска струка;
- 3 годишно искуство во дизајнирање на алати;
- Потребно е познавање на програма за 3Д дизајн и претпочитано искуство со CATIA V5;
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности;
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); познавањер на германски јазик ќе се смета за предност;
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство;

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Дизајнер на Алати (Tool Designer)" на следниов e-mail:

KOMAK_HR@KOSTAL.COM

КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура. Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Краен рок за пријавување: 25 Ноември,2019
Активен до:    25.11.2019

Издвојуваме

Препорачани огласи