X
 01.04.2016 Конкурси

Повик за учество во проектот "Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија"

Институтот за истражување на политики и добро владеење во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од МЦМС Македонски центар за меѓународна соработка и финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC објавува:
ОГЛАС

Заучество во проектот “Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија”
Целта на овие обуки е да придонесат кон зголемување на соработката помеѓу младите одразлична етничка припадност, зголемено знаење за етничките митови и стереотипи, едукација за заканите од национализмот со крајна цел кон подобрени меѓуетнички односи.

Профил на учесници:
Обуката е наменета за млади активисти од различна етничка припадност, претставници на младински невладини организации, други младински групи, здруженија, студентски групи, итн.

Во рамките на обуката ќе се организираат 4 работилници (останува уште една) соограничен број на места. Четвртата работилница ќе сеодржина 16 ти и 17 ти Април во Штип. Организаторот ги покрива трошоците( смествување и патни трошоци).

По завршувањето на обуките ќе следат мултиплицирачки работилници организирани од страна на младинските групи кои присуствувале на работилниците, со поддршка на организаторите на обуката.

Заинтересираните кандидати за учество треба да поднесат CV и Мотивационо писмо во електронска форма на info@iprg.org.mk И eminiflorina32@gmail.com. Огласот е отворен до пополнување на вкупно предвидените места. Кандидатите ќе бидат контактирани и известени на којаобука ќе учествуват.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси