X
 28.07.2017 Конкурси

КОНКУРС за запишување на студенти на прв циклус на студии во академската 2017/2018 година на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола

Врз основа на член 108 и член 110 од Законот за високото образование на Р. Македонија (сл.весник 35/2008) и Статутот на Меѓународен Славјански  Универзитет „Г. Р. Державин” – Свети Николе – Битола, Република Македонија, Ректорската управа на ден 17.03.2017 година донесе одлука за упис на студенти во учебната 2017/2018 година и го објавува следниот:

КОНКУРС

за запишување на студенти на прв циклус на студии во академската 2017/2018 година

• ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ •

Факултетот за економија и организација на претприемништвото

Менаџмент на организација
Финансии и кредит

Факултет за психологија

Општа психологија

Факултет за информатика

Софтверски технологии
Компјутерски системи и мрежи

Факултет за безбедносно инженерство

Безбедност при работа
Безбедност од пожар

Факултет за правни науки


Административно право и јавна администрација
Граѓанско право,
Казнено право,
Меѓународно право, право на ЕУ и диппломатија и,
Финансии и деловно право

1.Број на студенти

За студии со настава на македонски јазик:

На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 300 редовни и 300 вонредни студенти.

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 70 редовни и 70 вонредни студенти.

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 80 редовни и 40 вонредни студенти.

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 80 редовни и 40 вонредни студенти.

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.

За студии со настава на англиски јазик:

На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 50 редовни и 50 вонредни студенти.

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 50 редовни и 50 вонредни студенти.

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 50 редовни и 50 вонредни студенти.

2. Услови и критериуми за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четири годишно средно образование во државата и во странство со положена државна, училишна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1000 евра (за една учебна година) во денарска противвредност односно 1200 евра (за една учебна година) за Факултетот за Безбедносно инженерство, сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на партиципацијата во готово студентите добиваат попуст од 10 %.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

3. Рокови за пријавување и запишување   

Првиот уписен рок трае од 20.03.2017 година до 21.08.2017 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2017 година.

Вториот уписен рок трае од 01.09.2017 година до 14.09.2017 година. Доколку во првиот уписен рок не се пополнат сите предвидени места, во вториот уписен рок можат да се запишат и кандидатите со положена училишна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 15.09.2017 година.

4. Потребни документи за запишување

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2017/2018 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

Диплома за завршено средно образование и доказ за положена државна, училишна или меѓународна матура;
Свидетелства од сите години;
Копија од извод од матична книга на родените;
Копија од државјанство;
4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16. За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: info@msu.edu.mk.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси