X
 21.05.2020 Препорачани огласи

МASAC Solution вработува МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

MASAC Solution е во бизнисот заради изнаоѓање и развој на иновативни мехатронички решенија за проблеми од различни области. Бараме исклучително добар МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР кој ќе проектира и практично реализира мехатронички уреди.

Перфектно би се вклопил во нашиот тим доколку имаш претходно работно искуство и си експерт во Solidworks и Catia. Важно е да го познаваш англискиот јазик и да поседуваш возачка дозвола за Б категорија.

Испрати ни своја кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на jobs@masac.io и очекувај го нашиот повик.
Активен до:    28.05.2020

Издвојуваме

Препорачани огласи