X
 21.05.2020 Стипендии

Московскиот Државен институт за меѓународни односи објави конкурс за стипендирање на едно лице од Македонија

Московскиот Државен институт за меѓународни односи ( МГИМО ) при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација е спремен да прими едно лице од Македонија на прва година на институтот за учебната 2020/2021 година согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација, соопшти Министерството за образование.

Во согласност со наредбата на Министерството за наука и високо образование на Руската Федерација од 3 април 2020 година број 547, доставувањето на документите до комисијата за прием на странски државјани во 2020 година ќе се врши исклучиво во електронска форма.

Почнувајќи од 27 април 2020 година, апликантите можат самостојно да го пополнат основниот формулар за регистрација.

Формуларот за регистрација се наоѓа на следниот линк: https://abiturient.mgimo.ru/foreigners/foreigners-bac

Документите во електронска форма ќе се примаат од 15 јули 2020 до 15 август 2020 година (вклучително).
Начинот на испраќање документи во електронска форма ќе биде објавен подоцна.

Повеќе детали може да прочитате ТУКА.
Активен до:    15.08.2020

Издвојуваме

Стипендии