X
 21.07.2020 Стипендии

„Умихер“ доделува стипендии преку конкурс за најдобар есеј

Компанијата „Умихер“ доделува стипендии за студенти од сите националности низ светот кои моментално студираат или ќе започнат да студираат есенва.

Кандидатите за стипендија треба да напишат есеј на тема поврзана со косата и да објаснат зошто им е потребна финансиска помош. Првонаградениот есеј ќе добие стипендија од 5.000 долари, второнаградениот 4.000 долари, а третонаградениот 3.000 долари.

Конкурсот трае до 30 август.

Повеќе детали за стипендијата пронајдете ТУКА
Активен до:    30.08.2020

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии