X
 21.12.2020 Стипендии

Стипендии во рамките на словачката билатерална програма за соработка за академската 2021/2022 година

Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамките на Словачката билатерална програма за соработка (Slovak Bilateral Scholarship Programme), за академската 2021/2022 година, објави Министерството за образование и наука.

Македонската и словачката страна ќе разменуваат студенти во рамките на акредитирани студиски програми од прв, втор и трет циклус на високо образование, во вкупно времетраење од триесет (30) месеци годишно. Вкупната квота може да биде поделена на покуси периоди во времетраење од три (3) до десет (10) месеци по кандидат. Стипендијата не може да се додели за комплетен курс на студии што доведува до степен на високо образование. Познавањето на јазикот на земјата домаќин или друг јазик, прифатлив за избраната институција, ќе биде услов за оваа размена.

Словачката страна ќе обезбеди:

- бесплатно студирање;

- стипендија согласно законските прописи во земјата домаќин;

- сместување во студентски домови под исти услови како за своите граѓани.

Патните трошоци за повратен билет (со автобус) до и од местото на студирање ќе ги покрие Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Детални информации и услови за стипендиите се објавени на веб-страницата:

https://www.minedu.sk/scholarships-offered-within-the-framework-of-bilateral-programs-of-cooperation-for-20212022/

Апликациите испратени од индивидуални апликанти директно до Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка нема да бидат земени предвид. Доколку не е наведено поинаку, престојот ќе се реализира не порано од 15 септември 2021 година и не подоцна од 30 август 2022 година. Министерството го задржува правото да го смени бараниот рок на стипендија и/или да прими кој било апликант на курс и/или високообразовна институција различна од наведената во неговата/нејзината апликација за стипендија, доколку приемот кој што е побаран од страна на апликантот не е изводлив.

Износот на месечната стипендија за академската 2021/2022 година изнесува:

- за студенти (ниво на диплома/магистер): 280 € /месечно;

- за докторанди: 330 € /месечно.

Крајниот рок за аплицирање е 20 март 2021 година, а за да се информирате за процесот на аплицирање и за да ги преземете потребните документи, кликнете ТУКА.
Активен до:    20.03.2021

Издвојуваме

Стипендии