X
 22.02.2021 Стипендии

Стипендии за учество на летни курсеви по полски јазик и култура

Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека ќе обезбеди четири стипендии на кандидати од Република Македонија за 2021 година, за учество на летните курсеви по полски јазик и култура, во рамки на NAWA програмата, кои ќе се одржат во Република Полска, соопшти МОН.

Кандидатите треба да ги поднесат следниве документи во два примерока:

- пополнета апликација;

- CV, кратка биографија;

- диплома за завршено високо образование;

- за студентите: потврда дека е редовен студент на факултет;

- мотивационо писмо.

Курсевите се одржуваат во јули и август 2021 година, во времетраење од 3 или 4 недели.

Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.

Непотполни и ненавремено доставени документи нема да се земат предвид.

Оваа година, NAWA Програмата за летни курсеви (претходно летни курсеви по полски јазик и култура) се трансформира во институционална програма. Главната промена која е важна за Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и за кандидатите е дека универзитетите со кои NAWA ќе потпише договори за организација на летни курсеви ќе бидат одговорни за регрутирање на учесниците. Универзитетите ќе регрутираат учесници врз основа на упатствата од страна на NAWA и ќе ги прифатат оние учесници што се наведени од страна на NAWA на списокот со загарантирани места. Деталните правила за регрутирање ќе бидат наведени од страна на самите универзитети, а сите тековни информации во случај на прашања од луѓе кои не се на списокот со загарантирани места може да се најдат на следниот линк:

https://nawa.gov.pl/en/the-polish-language/nawa-summer-courses

Кандидатите треба да се регистрираат најдоцна до 18.03.2021 година, до 15:00 часот, на следниот линк: https://programs.nawa.gov.pl/login

Регистрираните кандидати, апликацијата и горенаведените документи во два примерока треба да ги достават до архивата на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна до 22.03.2021 година.

Интервју со кандидатите ќе се одржи на 26.03.2021 година во 10:00 часот во просториите на Министерството за образование и наука, 14. кат, канцеларија 1411.

Од МОН напоменуваат дека поради ситуацијата со пандемијата, сè уште не се знае дали курсевите ќе бидат организирани на традиционален (стационарен) начин, или втор пат по ред ќе бидат организирани од далечина (онлајн). Оваа информација ќе биде позната до април 2021 година.
Активен до:    18.03.2021

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии