X
 22.06.2021 Интернационални огласи

Програма за академски престој на „Харвард“

Програмата за академци на универзитетот „Харвард“ финансиски поддржува академци кои се на почетокот на нивната кариера во областа на општествените науки или правото. Секоја година се наградуваат 4-6 академци за две-годишен академски престој во САД.

Одбраните академци ќе добијат годишна стипендија од 70.000 долари, а доколку тие немаат докторска диплома ќе добијат 31.000 долари годишно додека не ја добијат дипломата. Во рамки на програмата се доделуваат и финансии за патување, асистенти во истражувањето и здравствено осигурување.

Пријавувањето трае до 1 октомври.

Повеќе информации пронајдете овде
Активен до:    01.10.2021
Тагови:

Издвојуваме

Интернационални огласи