X
 24.06.2021 Интернационални огласи

Натпревар за најдобра фотографија на „Сони“: Главните награди се 25.000 долари и 5.000 долари

Светската организација за фотографија објави повик за учество на својот натпревар за најдобра фотографија „Сони“. Учеството е бесплатно, а главната награда изнесува 25.000 долари за професионални фотографи, а 5.000 долари за аматери. Фотографите може да конкурираат и во категорија за млади и ученици или студенти.

Испраќањето на фотографиите трае до 13 јануари за професионалните фотографии, 7 јануари за аматерските фотографи, а 30 ноември за учениците или студентите. Во категоријата за млади фотографи се доделуваат награди на месечно ниво, а крајниот рок за пријавување е последниот ден од секој месец. 

Повеќе информации пронајдете на официјалната веб-страница овде.
Активен до:    13.01.2022

Издвојуваме

Интернационални огласи