X
 26.02.2020 Препорачани огласи

Оглас за вработување на модератори и супервизори во Grey Worldwide

Агенцијата Grey Worldwide има потреба од модератори и супервизори за реализирање на училишната едукативна програма од областа на личната хигиена и здравјето.

Услови:

- Модератори (предавачи) од Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Неготино, Кавадарци, Велес, Штип, Гевгелија, Струмица , Радовиш, Виница, Кочани, Прилеп, Битола и Охрид.
- Тимски соработници со истакнати комуникациски и организациски способности, педагошки вештини и со пријатен пристап.
- Предност имаат кандидатите со завршено средно медицинско образование и оние кои имаат можност за патување.
- Задолжителна диплома од една од следните области: медицина, педагогија, биологија, психологија, социологија.
- Кандидати за модератори можат да бидат и студенти од завршната година од додипломските студии.

* за Тетово, Гостивар и Скопје (дел), потребни се модератори со познавање на:
- македонски јазик,
- албански јазик.

Работно искуство

Предност имаат кандидатите со искуство во образовната и здравствената дејност, како и кандидатите кои претходно имаат работно искуство со Агенцијата.

Опис на дејноста

- Организација и одржување на предавања од областа „Лична хигиена и здравје” пред девојчињата од основните училишта во претходно утврдени области на делување.
- Иницирање и одржување на соодветна релација со училишните авторитети на локално ниво.
- Собирање на информации на терен и обработка на истите во форма на неделни извештаи.

Можности

Можност да работите за исклучително важна компанија, притоа имајќи ја главната улога во едукативниот процес на младите.

Како да аплицирате?

Испратете автобиографија (CV) и фотографија на e-mail адреса: cv@grey.com.mk со назнака за училишната едукативна програма Always

Краен рок за аплицирање е 09.02.2020 година
Активен до:    04.03.2020

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk