Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија известува дека врз основа на член 3 од Протоколот меѓу
Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија за соработка во областа на образованието, потпишан на 23 февруари 2016 година во Љубљана, доделува стипендии за студенти, дипломирани лица и докторанди од Република Македонија на високообразовните институции во Република Словенија за академската 2021/2022 година, и тоа:
1. Дваесет и четири (24) месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните институции во Република Словенија, со поединечно времетраење од 3 до 6 месеци, за кандидати до 26-годишна возраст;
2. Три (3) едносеместрални стипендии (секоја по четири месеци) за студенти по словенечки јазик на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и
3. Две (2) стипендии за посета на двонеделниот летен курс по словенечки јазик за студенти по словенечки јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Подетални информации во врска со условите, критериумите, потребните документи, начинот на аплицирање и роковите, може да се најдат на следната интернет-страница:
https://studyinslovenia.si/news/bilateral-scholarships-2021-22/, а онлајн-апликацијата на:
https://studyinslovenia.si/study/exchange-programmes/
Крајниот рок за доставување на апликациите до Министерството за образование и наука на Република Македонија, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје е:
1 март 2021 година.
За дополнителни информации, може да испратите е-пошта на:
scholarships@cmepius.si