Министерството за образование објави јавен конкурс за доделување еднократна награда во висина на една просечна нето-плата исплатена во последниот месец во Република Северна Македонија на наставниците и соработниците избрани на високообразовните/научните установи во Република Северна Македонија кои претходната година објавиле научен труд во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите Web of Science на Clarivate Analytics (претходно на Thomson Reuters) или CiteScore на Scopus од Elsevier.
Јавниот конкурс се однесува за труд објавен во 2019 година, а трае до 15 септември 2020 година.
Повеќе информации можете да прочитате
ТУКА.