X
 28.08.2020 Стипендии

Аплицирајте за стипендија за докторски, постдокторски студии и истражувања во Швајцарија

Федералната комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија за академската 2021-2022 година ќе додели најмногу 30 стипендии за докторски, постдокторски студии и истражувања за студенти од земјите од Централна и Источна Европа и кавкаските држави, вклучувајќи ја и Македонија, соопшти Министерството за образование и наука.

-Стипендиите се наменети за кандидати кои имаат завршено универзитетски студии со висок просечен успех, за докторски и постдокторски студии и истражувања во сите научни области на некој од државните универзитети или признати институти во Швајцарија. Конкурсот не предвидува доделување стипендии за додипломски и магистерски студии - наведуваат од МОН.

Потребни документи може да се подигнат од амбасадата (тел: 02 3 103 300, и преку електронската адреса: skopje@eda.admin.ch), а информации за трите вида стипендии, важечки за македонската страна, може да се најдат на страницата: www.eda.admin.ch/north-macedonia.

Целосно пополнетата апликација во хартиена оригинална верзија и во копија треба да се достави до Амбасадата на Швајцарија во Скопје, најдоцна до 15 ноември.
Активен до:    15.11.2020

Издвојуваме

Стипендии