SIGMA Intensivpflege GmbH повеќе од една година неуморно работи со професионален пристап да ги задоволи потребите на своите пациенти кои имаат потреба од вонклиничка интензивна нега.
Поради проширување на својот тим, SIGMA Intensivpflege GmbH објавува оглас за вработување на медицински сестри за нега и грижа на пациенти со трахеостома во Диселдорф и околината.
Потребни квалификации:
• Завршено средно или високо образование од областа на медицината со желба за понатамошнен професионален развој во Германија;
• Положен државен испит за медицинска сестра/техничар;
• Претходно работно искуство на иста или слична позиција ке се смета за предност;
• Основни познавања на германскиот јазик со подготвеност истиот да се изучи до најмалку Б1-ниво
SIGMA Intensivpflege GmbH Ви нуди:
• Одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера;
• Месечна плата според степенот на завршено образование од минимум 2400 евра за медицински сестри без нострифицирана диплома, односно минимум 3000 евра за медицински сестри со нострифицирана диплома во Република Германија;
• Дополнителни додатоци ѕа сменска работа, бонуси итн;
• Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата;
• Максимална поддршка во процесот на апликација за работна виза, како и поднесување на потребните докуметни во Република Германија.
SIGMA Intensivpflege GmbH соработува со специјализирана германска агенција за посредување при вработување на медицински персонал во Република Германија. Истата Ви нуди бесплатна професионална поддршка од првиот момент на запознавање па се до навршување на првите шест месеци на работното место, како и поддршка во процесот на преселба во Република Германија.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со слика, на следната email адреса: info@sigmaintensivpflege.de. Уредно пријавените кандидати, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на интервјуто.