X
 28.10.2021 Препорачани огласи

City Connect вработува проект менаџер со познавање германски јазик

City Connect, брзорастечка компанија која врши контакт центар услуги за реномирани светски компании, објавува оглас за: Проект менаџер со познавање германски јазик.

Опис на работното место:
  • Организација, координација на задачите и активностите на тим лидерите како и нивно следење и евалуација;
  • Подготовка и имплементација на работен план, изработка на извештаи, следење и постигнување на целите и презентација на остварените резултати; 
  • Учество на состаноците на менаџерскиот тим; 
  • Контрола на секојдневните активности на сите членови на проектот; 
  • Идентификување на потребите за ангажирање на нови членови во тимовите и потребите од обука на вработените; 
  • Придонес во развојот и мотивацијата на вработените со цел постигнување на целите како и следење на нивната работна сатисфакција; 
  • Предлагање активности за подобрување на тимот и тимската работа; 
  • Дистрибуција на релевантни информации до членовите на тимот; 
  • Помош при интеграција на новите лидери на тимот во рамките на проектот;
Што бараме:
  • Одлични комуникациски, презентациски и организациски вештини;
  • Одлично познавање на германски јазик (говорен и пишан);
  • Одлично познавање на MS Office; 
  • Искуство со менаџирање на тим/проект; 
  • Фокус на целите и резултатите; 
  • Проактивност и флексибилност во работата;
Што нудиме:
  • Можност за напредок;
  • Платени обуки и тренинзи; 
  • Пријатна работна атмосфера; 
  • Компетитивна плата; 
  • Систем на бонуси;
Доколку сметаш дека ги исполнуваш горенаведените услови, те покануваме да го испратиш твоето CV на следната е-маил адреса: vrabotuvanje@cityconnect.mk
Активен до:    11.11.2021

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани огласи