City Connect, брзорастечка компанија која врши контакт центар услуги за реномирани светски компании, објавува оглас за: Специјалист за техничка поддршка на членовите на тимот.
Опис на работното место:
- Поддршка на членовите на тимот во врска со технички прашања од страна на корисниците;
- Помош на членовите на тимот при решавањето на комплексните технички прашања од страна на корисниците;
- Едукација на новите вработени за основни и напредни технички тематики;
- Дополнителна едукација и усовршување во однос на потребите на проектот;
- Следење на активноста на агентите во реално време;
Што бараме:
- Одлично познавање на MS Office;
- Одлични технички способности;
- Пожелно искуство со работа со корисници на телекомуникациски проекти;
- Аналитички способности;
- Одлични комуникациски вештини;
Што нудиме:
- Можност за напредок;
- Платени обуки и тренинзи;
- Пријатна работна атмосфера;
- Компетитивна плата;
- Систем на бонуси;
Доколку сметаш дека ги исполнуваш горенаведените услови, те покануваме да го испратиш твоето CV на следната е-маил адреса:
vrabotuvanje@cityconnect.mk