X
 01.06.2021 Конкурси

МОН објави конкурс за доделување средства за учество на меѓународни научни собири

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири за 2021 година.

Во конкурсот се наведува дека право на поднесување пријава за доделување финансиски средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири имаат субјектите што вршат научноистражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовити научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење научноистражувачка дејност при Министерството за образование и наука).

- Средствата што се доделуваат за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири се пресметуваат во зависност од висината на котизацијата, висината на патните трошоци и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година - стои во конкурсот.

Пријавите и документите може да се достават до 26.11.2021 година на следната адреса:

Министерство за образование
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје

За да видите кои се потребните документи за конкурирање, одете ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси