Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување средства за финансирање материјални трошоци и услуги, за печатење зборници на трудови од одржаните научни собири за 2021 година.
Во конкурсот е наведено дека право на средствата за организација на научни собири имаат субјектите кои вршат научноистражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).
Пријавите и документите може да се достават до 26 ноември 2021 година на следната адреса:
Министерство за образование и наука
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје
За условите и потребните документи може да се информирате
ТУКА.