X
 01.06.2023 Живот

Ако не му го дадеме мобилниот, почнува да вреска и да фрла сѐ пред себе. Како да постапам?

Имам 5,5-годишен син кој е социјализиран, воспитан, сака да се дружи и да им помага на другите. Пред 1,5 година доби братче. Во тој период имавме неколку ситуации на лутина (кога му се забранува гледање цртани подолг период од денот и сл.), почнува силно да вреска, да писка, да фрла разни предмети… Понекогаш го оставам сам да се смири, но забележав дека тоа само ќе ја влоши состојбата, понекогаш се трудев да го смирам со гушкање (ме туркаше од себе), со разговор и дефокусирање (некогаш успева некогаш не.) Овие испади најчесто се јавуваат кога е изморен и му се спие. Пробувам да го легнам во тој момент, но најчесто одбива. Го прекинав гледањето цртани и се насочив повеќе кон прошетки и игри, но кога треба да одам на работа, веднаш го бара телефонот од баба му за да игра игри и доколку не му го даде, почнува да вреска и фрла сѐ пред себе. Која е причината за неговите испади и како да постапам?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Живот