Веројатно веќе насекаде ја гледате фотографијата од турскиот олимпиец Јусуф Дикеч, кој е дел од тимот кој се натпреварува во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. Зошто овој човек е хит?
51-годишниот олимпиец и неговата партнерка Севал Илајда Тархан освоија сребрен медал, но вниманието на сите љубители на спортот го привлече несекојдневниот пристап на Дикеч кон натпреварувањето.
Така, сега интернетот е преплавен со фотографијата од Дикеч на која се гледа како тој се натпреварува во некарактеристично релаксирана позиција, без вообичаената опрема и со едната рака в џеб.
Многу стрелачи на ОИ користат заштита за ушите кога пукаат и специјализирани очила кои го замаглуваат погледот на едното око за натпреварувачите да не мора да го држат затворено, а некогаш и затемнети леќи за да им помогнат со блесокот.
- Турција испрати 51-годишен човек без специјализирани леќи, покривка за окото или заштита за ушите, и обезбеди сребрен медал - напиша еден корисник на „Х“, на што Илон Маск реагираше со: „Фино“.
Потоа следуваа лавина реакции и сега Дикеч, кој петти пат се натпреварува на олимпијада, е хит на интернетот.
-Изгледа како сепак да носи обични чепови за уши, што е импресивно - пишуваат на „Х“.
-Изгледа како да одлучил да оди на Олимпијада кога се разбудил утринава - напиша друг корисник на „Х“.
Твитерџиите, како и секогаш, се покажаа како многу креативни, па ви пренесуваме уште неколку од нивните досетки.
Насловна фотографија: X