X
 01.10.2020 Образование

Барбареев: Само добриот учител го може она што не го може ниту една технологија - да му ги отвори очите на детето

Позитивниот пристап и енергија, новата филозофија на учење во Македонија, започнува токму од едукативниот центар „Бибиверзум“, а заслужни за успешната приказна што сè уште трае и во која најважни се дечињата се универзитетскиот проф. д-р Кирил Барбареев и одделенскиот наставник Мартин Поповски

Кога ќе се препознаат и соединат љубовта кон наставничката професија и учењето низ исполнување на потребите на децата, тогаш успехот во процесот на образование е загарантиран. Позитивниот пристап и енергија, новата филозофија на учење во Македонија, започнува токму од едукативниот центар „Бибиверзум“, а заслужни за успешната приказна што сè уште трае и во која главните ликови се дечињата се универзитетскиот проф. д-р Кирил Барбареев и одделенскиот наставник Мартин Поповски.

Минатата сезона тие заедно ги водеа децата низ различни активности преку кои научија многу нови работи на часовите во едукативниот центар.

Преку Биби создаваме вредности

Постојат образовни системи во кои материјалите на учење во почетните одделенија и предучилишната возраст се поврзани со анимирани ликови, интересни ликови за децата, со цел децата да имаат поголема мотивација за учење. „Бибиверзум“ има сличен концепт, учење согласно потребите на децата користејќи ги анимациите со ликовите од „Светот на Биби“, вели проф. д-р Барбареев.

- Преку ликот на Биби создаваме вредности кај децата. Концептот на програмата, дидактичкиот материјал, нагледните средства, материјалите за учење, начинот на реализација на програмата ги подготвуваат врвни професионалци, графичари, информатичари, дизајнери, сценаристи, ликовни уметници, глумци. Образовниот центар има одлични наставници, воспитувачи и специјални едукатори, сите познати во својата средина и сите со големо искуство и знаење - потенцира професорот.



Ова се едукаторите кои ќе ги внесат децата во приказната на „Бибиверзум“


Тоа е патот по кој одиме, додава тој и длабоко верува дека добрите наставници и добрите услови за работа се клучот за успехот.
- Тоа е само дел од тимот кој заедно размислува и го подготвува концептот за поинаква воспитно-образовна парадигма во Македонија, со нова филозофија на образование. Нашите очекувања се големи, иако оваа сезона ќе работиме на платформата за далечинско учење, се надеваме дека ќе ги постигнеме целите што се поставени за секоја активност со децата. Имаме многу изненадувања за децата, имаме многу позитивни коментари, со тоа нашата одговорност е уште поголема. Само учителот кој е пример со своето однесување, само добриот пример, има сила да предизвика внатрешна промена, преобразба. Само добриот учител го може она што не го може ниту една технологија - да ти ги отвори очите, да му ги отвори очите на детето, ученикот, за цел живот, и да создаде здрава и етичка личност - смета Барбареев.

Што ново ќе се учи?

Децата во претстојната школа во „Бибиверзум“ ќе се запознаат со интересни едукативни содржини од македонскиот јазик, правописот и правоговорот, логички и забавни задачи од математика, ќе учиме за живиот свет на нашата планета, а ќе разговараме како да го подобриме нашето ментално и физичко здравје, вели Мартин Поповски, кој е наставник во Основното училиште „Панајот Гиновски“, пријател на децата, вљубеник во маратонското трчање и активист за здрава животна средина.

- Вежбите за правилен раст и развој ќе бидат дел од секој час. Ќе разговараме за професиите, за карактеристики што ги има добриот работник, за позитивните човечки особини: чесноста, искреноста, трудољубивоста, љубезноста, добрината, благодарноста. Родителите и децата можат да очекуваат позитивна работна атмосфера, едукација и многу забава од ведриот тим од „Бибиверзум“ - вели наставникот.

Пријавувањето за „Бибиверзум“ завршува денес

Издвојуваме

Образование